Колку и да е тешко да се замисли, Адолф Хитлер е избран на демократски избори. Иако фашист и анти-семитист, Германците го избраа за свој лидер. Зошто луѓето кои гласале за Хитлер мислеле дека го прават вистинскиот избор?
Фото: Wikipedia
1. Втората светска војна е предизвикана многу набрзо по Првата, кога Германците по потпишувањето на Версајскиот договор биле приморани да ја потпишат и „Клаузулата за вина за војната“, односно дека војната е нивна вина, што значело и многу рестрикции за Германија, а нацистите од самиот почеток во кампањата споменувале раскинување на Верскајскиот договор.
2. Германската влада не можела да плаќа за своите поправки. Француските и Белгиските трупи извршиле окупација на Германската област Рур, главен центар на јаглен, железо и производство на челик. Без овој град економијата на Германија била комплетно осакатена. Кога Германците биле во тек со нивните плаќања во две години подоцна во 1925 година, било јасно дека тие може да си ја земат земјата назад во секој момент, а идејата за раскинување на Версајскиот договор станала поразумна.
3. Со окупацијата на Рур, инфлацијата излегла од контрола и германските марки доживеале голем пад на вредноста. Луѓето буквално гладувале, и барале да им се плати со храна. Во 1923 стапката на самоубиство била огромна, и таа е најтемната година во историјата на Германија, но и годината кога Адолф Хитлер како млад човек почнал да покажува моќ.
4. Нацистите не биле единствена партија, туку популарни биле и комунистите кои биле поддржувани од околу 10-15 % од нацијата, но другите немале добро мислење за нив. Затоа нацистите рашириле информации дека постои закана од Црвена Револуцијата и нацијата се свртела кон десницата, односно нацистите.
5. Во 1924 година Германската влада била фатена како прима мито, а канцеларот Густав Бауер бил на сила во тоа време. Тој им дал 2 милиони долари на двајца холандски инвеститори за да направат богатство на нелегален начин, а згора на сѐ биле и Евреи. Овде стапиле на сила нацистите говорејќи за корумпираните Еврејски бизнисмени.
6. Анти Семитизмот постоел во Германија пред Нацистичката партија да дојде на власт. До 1900тите имало партии што биле против Евреите. Додека повеќето Германци биле банкрот, Евреите биле привилегирани, богати. Иако само 1 % од германската популацијата, тоа биле луѓе со значајни професии. Поради ваквата поставеност на работите, сите партии ширеле анти-Семинизам во своите кампањи, но Нацистите биле предводници.
7. Падот на берзата во 1929 година започнал на 29 октомври. Она што останало од германската економија се градело на странски пари. Индустриското производство падало за 58 %, пораснала невработеноста, а до 1933 6 милиони Германци биле без работа. Со оваа ситуација луѓето се сомневале дека демократска партија ќе знае да се справи, затоа го избрале Хитлер.
8. Социјалдемократите неколку пати ги заобиколиле демократските процеси за да дојдат до власт и мнозинство. На крај германскиот народ бил уморен од сиромаштија и корупција и во 1932 гласале за Нацистите.
9. Нацистите победиле но немале мнозинство, туку само 37,3% од гласовите. Тие сметале дека ќе имаат проблеми со тој мал процент – до пожарот на Рајхстагот. Откако Хитлер станал канцелар, симпатизер на комунистите запалил пожар во Рајхстагот. Нацистите го искористиле член 48: слобода на говор, медиуми, здружување, сите тие биле забранети додека не се стават комунистите под контрола што пред народот изгледало како преземање одговорност. Во 1933 повторно се одржале избори, на комунистите не им било дозволено да учествуваат, а Нацистите добиле мнозинство гласови.
10. Нацистите биле на власт, но Германија била сѐ уште демократска – сѐ до Законот за овозможување со кој Нацистите имале полно право во водењето да изгласаат било каков закон преку парламентот со 2/3 мнозиство од гласовите. Хитлер изјавувал дека ќе ја искористи моќта само за основните и неопходните мерки што треба да се преземат.