X
 17.04.2021 Уметност

Креативна улична уметност во Париз

Различни форми на улична уметност, како графити, се позната глетка во многу градови низ светот. Уличната уметност е присутна за да нè изненади и инспирира, да ги размрда често досадните урбани средини и да ни даде свежа перспектива на инаку познатите населби и улици.

Во последните неколку години бројот на талентирани улични уметници драматично се зголеми, што значи дека ова исто така влијае врз интересот на луѓето за улична уметност бидејќи не е лесна работа да се создаде паметна уметност за краток временски период.

Францускиот уличен уметник „ОaкОак“ ѝ е познат на француската јавност по својот урбан стил што го создава на улиците во Франција. Неговите дела честопати се создадени со помош на спреј и случајни предмети што се наоѓаат во околината. Пукнатините и дупките се доволни за тој да создаде навистина уникатни и креативни улични дела.

Францускиот уметник се опишува себеси како „уличен уметник кој сака забава и сака да си игра со урбанистички елементи“, имајќи предвид дека неговите креации се од многу лесни и хумористични до многу инспиративни и длабоки бидејќи се обидува да начне важни теми, како што се климатските промени.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност