X
 22.01.2021 Уметност

Уметник направил детална фигура од самурај само од едно парче хартија

Уметникот Јухо Конкола создава фигури од хартија со техниката оригами. Тој не ја сече хартијата за неговите фигури, туку ја превиткува. На ист начин го создал и неговото најново дело, кое претставува самурај од хартија.

Воинот во раката дури има и меч, а уметникот успеал совршено да ги претстави деталите на традиционалниот оклоп на самурајот од само едно парче хартија. Конкола открива дека на почетокот на 2020 година направил самурај од хартија, но не бил сосема задоволен од резултатот и се посветил на новата фигура која вклучува повеќе детали.

Како што вели тој, му биле потребни три месеци да го испланира и направи самурајот.



Автор: Сара Барнс
Извор: mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност