X
 10.10.2019 Живот

Мајсторите за тестенини најдоа замена за пластичните сламки

Мајсторите за тестенини најдоа совршен начин за зачувување на околината од загадување. Имено, овие денови насекаде се споделуваат вестите за сламки направени од тестенини наместо од пластика.

„Струдлс“, како што ги нарекуваат, се вегански и биоразградливи, но непогодни се за оние што не се толерантни на глутен.

Од компанијата што ги прави велат дека се добри за ладни пијалаци и дека многу се трошат.

Сепак, овие екосламки не се баш евтини. На страницата на „Амазон“ може да се порачаат пакувања од 25, 50 и 100 парчиња, а чинат од 5 до 13 фунти.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот