X
 18.03.2019 Живот

70-годишна бабичка исчистила 52 плажи за една година

Земјата е нашиот дом, но некогаш како да го забораваме тоа. Таа ни е подарок и треба да се грижиме за неа, но ние не секогаш успеваме во тоа. Сепак, некои луѓе се вистински херои и се грижат за спасувањето на планетата, за нејзината иднина и даваат сѐ од себе за да ја одржат убавината на Земјата.

Пат Смит од Велика Британија го забележала проблемот со загадувањето и дала свој огромен придонес за да се реши овој проблем. Имено, оваа 70-годишна бабичка гледала документарен филм за загадувањето со пластика и навистина се вознемирила. Решила да преземе нешто, па си поставила предизвик - сакала да чисти по една плажа секоја недела.



Луѓето од нејзиниот роден град Корнвол ја поддржале нејзината идеја, па така, заедно со неколку волонтери и нејзините внуци, Пат минатата година исчистила 52 плажи во градот.



Но, ова не е крајот на приказната. Таа продолжила со својата мисија да го направи светот подобро место за живеење.

Бабичката почнала кампања наречена „Последната сламка“ (The Final Straw) - мисија со која сакала да ја зголеми свеста за бескорисноста и штетата од пластичните сламки и сакала во нејзиниот град и во остатокот од светот да нема пластични сламки.



Сламките се јасен пример за непотребна пластика за една употреба која ја има во огромни количини. Сето тоа завршува во депонии и во океаните, убивајќи го морскиот живот. Секоја пластична сламка ќе го надживее секое лице што сега живее на планетата.

Дури и малите нешта неочекувано може да предизвикаат глобални проблеми и сите ние сме одговорни за тоа. Но, можеме и да помогнеме во решавањето. Пат Смит докажа дека секогаш има начин да се даде придонес и да се направи промена кон подобро.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот