Последниве години безглутенската исхрана стана популарна поради медиумите и јавните изјави на повеќе нутриционисти. Глутенот е супстанција која се наоѓа во речиси сите житарки, а за која се смета дека предизвикува многу здравствени проблеми, особено оние што се поврзани со дебелината и со метаболизмот.
Сè повеќе луѓе го исфрлаат глутенот од исхраната иако немаат здравствени проблеми, а ова често се случува како резултат на многубројни заблуди поврзани со оваа супстанција, како следниве.
Безглутенската исхрана го подобрува варењето
Не постојат докази дека варењето на храната ќе се подобри доколку се исфрли глутенот. Целосното исфрлање на глутенот од исхраната истовремено доведува до намалување на внесувањето влакна, што може да го забави метаболизмот и негативно да влијае врз варењето.
Глутенот предизвикува дебелеење
Глутенот нема никаква врска со килограмите. Губењето килограми зависи од квалитетот и количеството на храна што се внесува, како и од животниот стил. Доколку не водите сметка што и колку јадете, исфрлањето на глутенот нема да направи никаква промена.
Храната без глутен е здрава
Храната без глутен содржи многу повеќе шеќер, заситени масти и калории од обичните намирници, така што на тој начин може да се внесат повеќе штетни материи. Не постои цврст научен доказ дека со исфрлање на глутенот од исхраната ќе се чувствувате подобро. Може да го исфрлите глутенот, но доколку не сте чувствителни на него, подобро е да не го правите тоа бидејќи може да предизвикате несакани ефекти, како губење на енергијата.
Извор:
Ekapija
Фото: Pixabay