Хартиените сламки што се воведени во рестораните на „Мекдоналдс“ и се претставени како еколошки, сепак, не може да се рециклираат.
Од компанијата велат дека хартијата од која се направени сламките може да се рециклира, но дека тоа не е изводливо поради нивната дебелина.
Тие минатата есен ги заменија пластичните сламки со хартиени во рестораните во Велика Британија и во Ирска. Некои муштерии не беа задоволни од новите сламки бидејќи се раствораа во пијалаците. Особено тешко стана пиењето милкшејк.
- За да им излеземе во пресрет на муштериите, ја зајакнавме хартијата од која се прават сламките, така што таа и понатаму може да се рециклира, но нејзината дебелина не го овозможува тоа - истакна портпарол на „Мекдоналдс“.
Тој додава и дека работат на изнаоѓање решение и дека засега ги советуваат купувачите хартиените сламки да ги фрлаат во општиот отпад.
- Отпадот од нашите ресторани не оди во депониите, туку се користи за производство на енергија - велат од компанијата.