X
 10.10.2023 Образование

Наставник секоја среда води стотина ученици на училиште со велосипед

Сем Балто е наставник по физичко образование во Портленд, САД. Неодамна, тој стана хит на „Тик-ток“ поради својот проект „Бајк бас“ (Bike bus), што во превод значи велосипедски автобус.

Идејата на Балто е едноставна - тој ги собира учениците што одат во исто училиште, им наоѓа велосипеди на оние што немаат и сите заедно одат на училиште со велосипеди секоја среда. Оваа идеја им се допаднала на стотина ученици и нивните родители, но и на полицијата, која го регулира сообраќајот за учениците безбедно да стигнат до училиштето. Наставникот пушта музика за возењето да биде уште позабавно.

- Секогаш чувствував дека нешто недостига во превозот на учениците. Дополнително, луѓето сакаат повеќе опции за нивните деца да одат на училиште. Овој проект го создаде тоа чувство на заедница бидејќи луѓето се здружуваат поради децата кои се приклучуваат на велосипедскиот автобус во среда - вели Балто.

Откако Балто станал популарен на „Тик-ток“, неговата идеја стигнала до многу луѓе и училишта и надвор од САД. Балто признал дека проектот не е целосно негова идеја, туку ја добил од жена која води велосипедски автобус во Барселона.

Во видеото во продолжение погледнете како изгледа кога над 100 ученици учествуваат во велосипедски автобус.

@coachbalto This #BikeBus video has it all. The emotion, the excitement, the energy, the kids running, the joy that can only he created on bikes. #BikeBusTok ♬ Crazy Train - The Stixxx


Извор: Srednja
Насловна фотографија: TikTok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование