X
 01.09.2021 Образование

Владата го прифати предлогот наставата во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга да почне онлајн

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн-настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини.

По завршувањето на овој период ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата, стои во соопштението.

Во него се додава и дека на вчерашната седница бил дополнет и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголемил бројот од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите од 0 до 2 години.

Фото: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование