Фото: Sara Toth Stub
Во есента 1956 година, како што советските војници го задушиле унгарското востание против комунистичкиот режим во земјата, три годишната Ержебет Сеибригер заедно со нејзиното семејство се упатило под земја, во една од многуте природни пештери во Будимпешта каде што било безбедно од тенкови, бомби и огнено оружје.
Но, оваа локација - подземната болница каде нејзиниот татко, кој бил хирург, ги лекувал унгарските револуционери и советски војници - ги прогонувала со години.
Откако советските сили го задушиле востанието, десетици илјади Унгарци биле затворени или погубени поради учество, вклучувајќи ги и докторите кои ги лекувале повредените борци за слобода. Поради проблем со срцето, таткото на Ержебет не го затворите - но, тој ја изгубил неговата медицинска лиценца.
Фото: Gettty Images
„Беше еден од оние кои имаа среќа. Но, постоеше постојан страв дека на крајот ќе го уапсат“, се сеќава Ержебет.
Иако владата го обелодени постоењето на болницата во 2002 година, а оваа година ќе ја прогласи нејзината 10-та година како Болница во карпестиот нуклеарен бункер музеј, просторот останува замрзнат во времето, полн со мистерии и нераскажани приказни. Приказната на Ержебет е само една од многуте кои се појавиле после отворањето на музејот.
„Многу Унгарци сè уште е знаат за ова место“, велу Фрусина Полацка, маркетинг координатор на музејот.
Денес, креветите во едно одделение се полни со восочни фигури на унгарски, германски и руски војници кои ги прикажуваат сцените кога болницата за првпат се користела за време на Втората светска војна. Една соба вклучува фигура на младиот д-р Сеибригер кој стои меѓу креветите на пациентите повредени за време на востанието од 1956 година.
Фото: Globetrotter19/CC
Природните пештери под областа Буда на западниот брег на реката Дунав имале многу цели во текот на историјата - од складирање на храна до сместување на затворениците па и харем на отоманските сили кои владееле со градот во 16 век. Кога започнала Втората светска војна, била изградена аларм контролна соба во една од пештерите, па како што се заострила борбата, така градските власти изготвиле планови за тука да се изградат објекти за итна медицинска помош.
Болницата, која се отворила во 1944 година била поврзана со тунел во близина, над болницата Свети Јован, која обезбедувала свежа храна и други продукти.
Како што траела војната, а Русите продолжиле да ја држат Будимпешта под опсада, болницата станала единственото место во силно бомбардираниот град, каде луѓето можеле да се снимаат на рендген или да се оперираат. Објектот за брзо време се наполнил, па така имало над 700 пациенти - речиси 10 пати повеќе од капацитетот. Излекуваните пациенти не сакале да ја напуштат болницата бидејќи се плашеле од војната, а често семејствата и пријателите на повредените престојувале во болницата, користејќи ја како засолниште.
Фото: Sara Toth Stub
Со толку многу пациенти и несоодветни материјали, не можеле да се контролираат инфекциите, па секој ден биле изнесувани тела кои набрзина биле закопани во бомбашки кратери. Од мртвите пациенти се земале веќе искористените завои за да се лекуваат нови пациенти.
„Хигиената беше на најниско ниво. Се чувствуваше неподнослива миризба низ цела болница“, се сеќава Ѓула Стеинерт, волонтер лекар.
На крајот, штетата од бомбардирањето го прекина снабдувањето со вода и го уништи тунелот кој ја поврзуваше подземната болница и болницата Св.Јован.
Кога опсадата заврши во февруари 1945 година, Унгарија беше ставена под контрола на Советскиот Сојуз, па многу лекари и медицински сестри кои работеле во болницата ја напуштиле земјата за да избегнат да живеат под советска власт, искористувајќи ја предноста на сертификатите за меѓународна заштита кои биле издадени од страна на Црвениот крст за време на војната. Но д-р Сеибригер одлучил да остане и се вратил во неговиот дом.
Кога започнала борбата меѓу Унгарците и Русите во 1956 година, д-р Сеибригер повторно се пријавил на должност во болницата - овој пат заедно со својата сопруга и двете мали деца.
Фото: Sara Toth Stub
После задушувањето на востанието, на д-р Сеибригер му била дадена шанса да ја напушти земјата.
„Ја напуштивме куќата, но татко ми се врати и рече дека не може да ја напушти земјата бидејќи болницата има потреба од него. Мајка ми не сакаше да си оди без него. Затоа останавме“, се потсетува Ержебет.
Објектот за последен пат функционираше како болница во текот на револуцијата. Како што се ближела Студената војна и заканите за нуклеарни напади се интензивирале, болницата била трансформирана во нуклеарен бункер кој се чувал во тајност од страна на владејачката унгарска комунистичка партија.
Фото: Sara Toth Stub
Улогата која д-р Сеибригер ја имал во болницата продолжува да влијае врз неговата ќерка долго време после отпуштањето на последниот пациент. Не само што тој немал работа многу години и живеел во страв од потенцијално апсење, тој исто така не смеел да учествува во комунистички поврзаните активности на училиштето, како што е прославата за Први Мај.
„Ова беше тешко за мене како тинејџер“, вели Сеибригер. Таа вели дека неколку пати била вратена од медицинско училиште и покрај нејзините високи оценки. Со оглед на тоа што сите универзитети биле под контрола на комунистичкиот режим, таа се сомнева дека одбивањата биле поради активностите на нејзиниот татко, кој починал во 1977 година.
Со падот на комунизмот во Унгарија, во 1989 година и со смртта на нејзиниот татко Сеибригер сфати колку бил храбар - единствениот доктор во болницата за време на Втората светска војна и унгарското востание.
Ова место е многу важно за мене, и е многу важна работа која ја враќа историјата во живот. Таа е автентична и покажува дека луѓето кои работеле таму си го ризикувале животот“, додава таа.
„Сфаќам дека не можам да се жалам за она што го правел.
Татко ми беше многу храбар и сум навистина среќна што можам да ја споделам и неговата, и мојата приказна“, завршува таа.