X
 30.07.2020 Живот

Пандемијата нема да заврши пред 2022 година, вели американски хрируг

Дури и ако наскоро добиеме вакцина за Ковид-19, не очекувајте пандемијата да заврши пред 2022 година, вели поранешен американски хирург.

- Ако целта е да се врати животот каков што живеевме пред пандемијата, не гледам дека тоа ќе се случи во 2021 година - вели Вивек Мурти, генерален хирур од САД, кој бил дел од администрацијата на поранешниот американски претседател Обама, за време на виртуелниот настан организиран од „Каринвал Корп“ и Советот за светско патување и туризам.

Моментално, во светот има повеќе од 160 напори за развивање на вакцини за Ковид-19, според Светската здравствена организација, при што околу 25 се тестираат на луѓе во клинички испитувања. Неколку вакцини - вклучувајќи ја и онаа од Универзитетот „Оксфорд“ со „Астрозенека“, „Модерна Терапетикс“ и Националниот институт за здравство, напредува во III фаза, при што е тестирана на илјадници пациенти.

Но, Мурти, кој претходно ја водел САД за време на епидемијата на ебола и зика, предупредува дека дури и во оптимистичко сценарио,  вакцините ќе почнат да се дистрибуираат кон средината на 2021 година.

Оваа дистрибуција ќе донесе свои предизвици, вклучувајќи ја и потребата да се надмине растечкото чувство на анти-ваксерите и нивниот скептицизам за вакцините за Ковид-19. Дури и ако конечната вакцина е 100 отсто ефикасна, што би било малку веројатно, вели Мрути, најмалку 70 отсто од населението ќе треба да се вакцинира за да се постигне колективен имунитет против Ковид-19

- Дали постои шанса да го направиме сето ова и да вакцинираме 70 отсто од населението до крајот на 2021 година? Мислам дека би била потребна најдобрата кампања за вакцинирање што некогаш ќе биде направена во историјата на светот, за да го постигнеме тоа - вели Мурти.

pandemija
Фото: Freepik

И д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, минатата недела изјави дека засега за пандемијата не се гледа крај и дека никогаш нема целосно да се искорени.

Но, Фаучи е малку пооптимистичен од Мурти за брзината на враќање во нормалата.

- Со комбинација на добри мерки за јавното здравје, одреден степен на глобален колективен имунитет и добра вакцина, се надевам и сум претпазливо оптимист дека ќе ја имаме контролата врз пандемијата. Дали тоа ќе биде ова или наредната година, не сум сигурен - изјави д-р Фаучи.

Предвидувањата на Мурти не беа добредојдени од страна на домаќините на Глобниот научен самит, каде тој неодамна беше гостин. Настанот беше организиран од Советот за светско патување и туризам, и од „Карнивал“, компанија која очајно се надева дека крстарењето некако ќе продолжи со нормално работење пред 2022 година.

Мурти е познат по острите критики упатени кон претседателот Трамп и како тој и неговата администрација се справуваат со пандемијата.

- Никогаш не мислев дека ќе го видам денот кога нашата земја ќе се распадне толку лошо во ек на криза во јавното здравство - изјави Мурти во едно интервју. - Сето ова можеше да биде многу поразлично ако јавното здравство одговореше посилно - додава тој.

- Нашата земја има лоши резултати поради лидерите на нашата земја. Испраќањето на нашите работници во првата борбена линија без заштитна опрема е исто како да се испратат војници во војна без воена опрема - рече Мурти.

Извор: Fortune.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот