X
 10.11.2021 Култура

Шефот на вистинската МИ6: „Не би го вработил Џејмс Бонд“

Иако во филмовите повеќепати го спасува светот од катастрофа, Џејмс Бонд не би добил работа како британски шпион, изјавил директорот на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Алекс Јангер.

Според него, вистинските шпиони се соочуваат со комплексни морални и физички предизвици во најзабранетите локации на Земјата. Џејмс Бонд не би можел да го работи тоа бидејќи не ги почитува многу етичките вредности.


- Може да се каже дека Џејмс Бонд не би го поминал нашиот процес на вработување - изјавил Јангер.

Тој додал дека агентите на МИ6 ги делат вредностите на Бонд во поглед на патриотизмот, енергијата и упорноста, но имаат и други вредности што ги нема филмскиот херој.

- Разузнавачки службеник во вистинската МИ6 има високо ниво на емоционална интелигенција, ја вреднува тимската работа и секогаш го почитува законот - за разлика од господин Бонд - изјавил Јангер.

Извор: Reuters
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура