X
 10.11.2022 Технологија

Швеѓанец направил хармоника од флопи-дискови и два компјутери „комодоре 64“

Шведскиот софтверски инженер Линус Акесон долго време води блог на кој прикажува како применува различни технички алатки и музички инструменти за да создаде нови, креативни уреди.

Неговото најново дело воодушеви многумина на „Јутјуб“, па неговото последно видео е убедливо најгледано досега. Акесон очигледно се надминал себеси создавајќи хармоника од два компјутер „комодоре 64“, флопи-дискови и селотејп.

Креативниот Швеѓанец и претходно свирел на „комодоре“, правел слични инструменти, со цел да го искористи знаењето и искуството за својот последен проект. Макотрпниот процес се исплатил бидејќи тој ја создал првата функционална дигитална хармоника во светот, која свири, а е направена од стар компјутерски хардвер.

„Комодордион“


Името на овој изум е „Комодордион“. Во основа станува збор за два функционални компјутери „комодоре 64“ кои служат како мелодија и бас-секции. Во нив е вчитан посебен софвер за свирење акорди и претходно снимени тонови. Со притискање на копчињата на тастатурата, кои ги заменуваат клавишите на хармониката, се менува регистерот, односно музичарот може да одреди што ќе се свири од компјутерите, а потоа може да се свири и со другите копчиња.

За уредот да функционира како вистинска хармоника, а не обична тастатура, одговорен е „мевот“. Акесон го направил од најголемите флопи-дискови, поврзувајќи ги со леплива лента. На едниот крај има отвор низ кој тече воздухот, до отворот има микрофон кој го снима овој проток и на тој начин се добива информација за потребната јачина на звукот.

Звукот добиен од двата компјутери се комбинира и се испраќа до аналоген излезен аудиоприклучок. Сите детали за овој необичен инструмент можете да ги прочитате на блогот на авторот или да го погледнете неговото видео.



Извор: Bug.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија