X
 24.10.2015 Живот

Како да научите да типкате брзо?

Типкањето брзо без гледање во тастатурата бара вежбање и техника која лесно се совладува. „Ratatype“ направи водич за брзо типкање кој може да биде корисен.


Седење

Седнете исправено и гледајте кон екранот со главата благо насочена кон него. Дистанцата меѓу очите и екранот треба да е најмалку 45-70 центиметри.

Прсти

Прстите треба да бидат малку искривени и наместени на АСДФ и ЈКЛ, копчиња кои се наоѓаат во средината. Одовде треба да почнува секоја работа и на нив треба да се враќаат прстите по секое типкање.


Останатите кочиња треба да се притискаат само со прстите за кои се наменети. Додека типкате, замислете го местото на симболот на тастатурата и задржете го ритамот. „Shift“ секогаш се притиска со малиот прст, а палецот се користи за притискање на празно место. Не гледајте во копчињата додека типкате и движењата на рацете и прстите ограничете ги на неопходното, односно само тогаш кога треба да притиснете копче.


Брзина

Не брзајте доколку сега започнувате со учење. Забрзувајте тогаш кога чувствувате дека прстите ги научиле вистинските копчиња. Секогаш гледајте го текстот за збор или два претходно. Одморете доколку правите многу грешки.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот