X
 10.12.2018 Живот

Што е тоа арапско НАТО и за кого претставува закана?

Поради постојаната нестабилност на Блискиот Исток, особено поради војната во Сирија и заканите од Иран, Вашингтон оваа есен започна иницијатива за формирање воена алијанса на арапските држави во која би мнозинство би било сунитското население. Целта на оваа алијанса би била обезбедување на регионот од честите закани од шиитскиот Иран. Американската иницијатива за основање арапско НАТО датира од порано, а во 2015 година предлогот беше и формално прифатен на арапскиот самит што се одржа во Шарм ел Шеик во Египет, каде што го доби името Стратешки сојуз за Блискиот Исток (МЕСА).

Идејата за арапско НАТО, во кое би членувале Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман, Бахреин и Катар, со можност за дополнително проширување со Мароко и Либан, наиде на прилично плодна земја во овие земји. Всушност, од почетокот на минатиот месец на полигоните во Западен Египет беа одржани првите двенеделни комбинирани воени вежби наречени „Арапски штит 1“, во кои учествувале копнените, воздушните, морнарските и специјалните сили на ОАЕ, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Јордан.

нато

Според зборовите на бахреинскиот министер за надворешни работи Калид бин Ахмед Ал Калифа, идејата за создавање специфичен арапски воен сојуз може да стане реалност кон почетокот на идната година.

- Сојузот за безбедност и напредок во регионот е на вистински пат да се реализира. Членството е отворено за сите што ќе се придржуваат до основните принципи на сојузот, кој треба да ги зајакне економските врски меѓу членовите и да стане еден вид столб на стабилност во Заливот - изјави Ал Калифа.



- Станува збор за американска идеја одобрена од арапските држави од Заливот, но таа сѐ уште нема добиено крајна форма. Очекувам сојузот да биде успешен - изјави командантот на воздухопловните сили во Бахреин.

Иако сѐ уште не се утврдени сите детали во врска со овој воен сојуз, информациите се дека станува збор за план на американската администрација за формирање сојуз кој би помогнал во спротивставувањето на Иран, кој делумно е можен. Некои арапски земји се веќе вклучени во заеднички воени вежби и операции и размена на разузнавачки податоци, а некои од нив учествувале во војната во Јемен, под команда на Саудиска Арабија.

Сепак, воените и политички аналитичари сметаат дека иднината на тој сојуз не е солидна основа, а се соочува и со различен спектар на предизвици. Еден од овие предизвици е неспојливоста на оружјето бидејќи осум држави користат различни воени платформи: американската, руската и европската.

Покрај тоа, проблем за реализирање на сојузот би можело да биде разменувањето на информациите, бидејќи познато е дека меѓу членовите на арапското НАТО постои цела серија на политички несогласувања.

Несогласувањата и претходно спречиле воспоставување и функционирање на арапски воен сојуз. Доволно е да се потсетите на колективниот страв на арапските земји од советската инвазија откако Москва во декември 1979 година интервенираше во Авганистан поради појава на исламската револуција во Иран и за време на ирачко-иранскиот конфликт што доведе до формирање на Одбранбените сили на полуостровот, управуван од Советот за соработка во Заливот.

Токму овие несогласувања меѓу земјите-членки и различните ставови за проблемите во најблиските соседства се клучни аргументи за пропаст на сунитскиот сојуз, со кој американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го заплаши шиитски Иран.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот