X
 11.07.2019 Живот

Секој втор Германец го смета исламот за закана

Секој втор Германец го смета исламот за закана, се наведува во истражувањето на фондацијата „Бертелсман“.

На истокот на Германија дури 57 отсто од испитаниците изјавиле дека го сметаат исламот за закана, додека во западниот дел од земјата оваа бројка е малку помала и изнесува 50 отсто.

Авторите на студијата предупредуваат на опасноста од поедноставени интерпретации на резултатите од нивното истражување.

- Резултатите укажуваат на тоа дека станува збор за распространета скептичност кон исламот, која, меѓутоа, не може да се поистовети со исламофобија - изјави Јасемин Ел Меноур, експерт за верски заедници во фондацијата „Бертелсман“.

Деталното истражување покажува дека во многу случаи постои воздржаност кон исламот.

- Очигледно е дека многу луѓе не гледаат на исламот како на вера, туку како на политичка идеологија и поради тоа оваа вера е исклучена од верската толеранција, објасни Ел Меноур.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот