X
 10.12.2019 Живот

Овие работи никогаш не смеете да ги кажете на интервју за работа

Истражување спроведено помеѓу работодавците открива дека дури 50% од нив сметаат дека денешните млади луѓе што се во потрага по работа не се претставуваат доволно добро на интервјуата. Следуваат некои работи кои тие не сакаат да ги слушнат од страна на кандидатите за работа.

„Слушам дека има многу слободни девојки/момчиња овде.“

„Може ли да го донесам кучето на работа?“

„Мојот претходен шеф беше ужасен.“

„За колку време може да станам потпретседател?“

„За какви дроги барате тестирање?“

„Што работите вие, всушност?“

„Во последниов период бев на многу интервјуа.“

„Имам многу проблеми деновиве.“

„Не ми се допаѓа работата во тим.“

Како да имате успешно интервју за работа?

- Бидете позитивни. Барањето работа е тешко, но не покажувајте го тоа пред работодавецот. Покажете дека знаете како да решавате проблеми, а не дека дозволувате да ве уништат.

- Истражете ја компанијата и дознајте што ќе работите. Не трудете се да доаѓате на интервјуто доколку не ја завршите оваа обврска.

- Бидете возбудени за работата. Покажете им дека сакате да работите за компанијата.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот