Веќе е познато и докажано дека музиката ги инспирира луѓето. Музиката може да биде катализатор на големи идеи и може да помогне во разбирање на проблемите. „Time“ открива каква музика слушаат, односно слушале, најуспешните технолошки генијалци.
Марк Закерберг: Лејди Гага и Дафт Панк
Да, човекот кој ни го даде „Facebook“ ја слуша Лејди Гага. Еден од омилените изведувачи на Марк е и дуото Дафт Панк.
Стив Џобс: Боб Дилан, Битлси, Џони Мичел, Кет Стивенс, Џексон Браун, Мајлс Дејвис, Ролинг Стоунс
Џобс имал страст за класична рок музика, но сакал да слуша и народни американски песни. Тој слушал и џез.
Ричард Бренсон: Питер Габриел и Мајк Олдфилд, Секс Пистолс
Основачот на групацијата „Virgin“ има малку поспецифичен звук. Неговиот омилен бенд е Секс Пистолс.
Илон Маск: Френк Синатра, Андреа Бочели
Човекот позади „Space X“ и „Tesla Motors“ ги сака Синатра и Бочели, но сака и да слуша филмска музика, особено онаа од „Монти Пајтон“. Тој еднаш изјавил дека „Always look on the bright side of life“ претставува добар потсетник за него дека е подобро да се биде оптимист и да се греши отколку да се биде песимист и во право.
Бил Гејтс: U2, Ролинг Стоунс, Битлси
За Гејтс е познато дека е фан на U2 и на рок бендовите од неговата младост како Битлси и Ролинг Стоунс.