Фановите на „Игра на троновите“ сметаат дека инспирација за популарната франшиза Џорџ Мартин веројатно ја добил од „Господар на прстените“.
Но, ова е само делумно точно.
Мартин, во текот на гостувањето во шоуто на Стивен Колберт призна дека неговата најрана инспирација за книгите биле неговите домашни миленичиња - желките.
Растејќи во Њу Џерси, Мартин имал неколку желки кои ги чувал во терариум, во кој се наоѓал и замок. За жал, желките не преживеале.
-Ги хранев со храна за желки и мислев дека правам сѐ што е потребно. Не можев да откријам зошто умираат - вели Мартин и додава дека морал да измисли приказна која би објаснила зошто неговите миленичиња умираат:
-Одлучив причината да биде затоа што се борат за престолот на желките. Меѓусебно се убиваат за да одредат кој е крал на желките - вели
Мартин.