X
 10.12.2019 Живот

Совети за одмор со малку пари

Доколку сакате да имате одличен одмор, да се опуштите, а немате многу пари за патување, имаме неколку идеи за вас.

Посетете го семејството, пријателите или роднините

Доколку немате многу пари за патување, едно од најдобрите решенија е да одите на гости кај ваши роднини или пријатели. Не само што ќе потрошите помалку пари туку и ќе се видите со луѓето со кои не сте се виделе многу време.

Волонтирајте

Сега конечно имате време да им помогнете на другите. Издвојте неколку дена само за волонтирање.

Last minute понуди

Следете ги агенциите и нивните последни понуди. Може да се случи понудата да биде одлична и во сооднос со вашите можности.

Кампување

Зошто да не поминете одмор во природа? Евтино, интересно и секако авантуристички.

Останете во градот

Доколку не ви се работи ништо или, пак, не сте во можност да направите нешто од наведените предлози, останете во вашиот град и истражувајте ги неговите можности.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот