X
 07.07.2019 Живот

Туристички дестинации каде што ќе трошите помалку од 25 евра дневно

Блогерот познат како Номадик Мет се откажал од канцелариската работа за да го истражува светот, а денес го следат милион луѓе со кои споделува трикови како да патуваат поедноставно, поевтино, подолго и подобро.

Во текстот со кој Мет ја освои публиката открива како да патувате низ светот и да трошите околу 40 евра на ден, а продолжението е подобро - тој препорача 5 дестинации каде што ќе трошите помалку од 25 евра дневно.

Меѓу неговите најомилени дестинации се Тајланд, Бали, Грција, Централна Америка, но и Будимпешта. На листата ги нема земјите што тој сѐ уште не ги посетил, што значи дека можеби има и поевтини дестинации.

Тајланд

Без оглед на тоа што е популарна туристичка дестинација, Тајланд е релативно поволен. Ако го избегнете сместувањето на најпопуларните острови, ќе можете да живеете најнормално со дневен буџет од 2 до 4 евра. За едноставна соба треба да одделите од 5 до 8 евра, а за храна ви се потребни 4 евра. Пијалаците се малку поскапи, но за 2 евра нема да останете жедни. Наместо такси, изберете го поевтиниот јавен превоз.

Бали

Ова е уште поевтина дестинација. На југот, особено околу Кута, ќе најдете повеќе соби кои се поевтини отколку на други места на Земјата, но лесно може да се пронајдат и оние за помалку од 8 евра. Иако летовите се долги и скапи, штом еднаш ќе стигнете на Бали, сѐ е евтино. Повеќето локални јадења се поевтини од 8 евра, а западната храна може да се најде за двојно повеќе. Активности како нуркање ќе ве чинат 6-7 евра. Ако сакате да поминете уште поевтино, тргнете од југот во внатрешноста.


Грција

Ако сакате да поминете евтино во Грција, одминете го Миконос, а ако ја посетите оваа земја во претсезона, ќе си ги преполовите трошоците. Поскромна соба може да се букира за 13-15 евра. Патувањето во септември исто така е добра идеја бидејќи е топло, деновите се сончеви, а ноќите малку посвежи. Гирото ќе ве чини помалку од 3 евра, а јагнешкото помалку од 10 евра.

Централна Америка

Освен Белизе, Костарика и Панама, Централна Америка е прилично евтина и ќе ви требаат околу 25 евра дневно. Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и Гватемала имаат поволно сместување, па ќе најдете сместување за помалку од 10 евра, ручек до 5 евра и пиво за помалку од едно евро.

Будимпешта

Овој град нуди многу можности за забава и разгледување, а сместување во хостел можете да најдете за помалку од 10 евра дневно. Приватното сместување е дупло поскапо. Ако барате поевтина варијанта за ручек, посетете го пазарот, а навечер можете да уживате во вкусниот ќебап (околу 1,5 евро) или сендвич. Дневната карта за јавен превоз можете да ја купите за 5 евра и 24 часа да се возите со трамвај, автобус или метро.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот