X
 10.12.2024 Наука

Експерти го објаснуваат вознемирувачкиот звук што луѓето го испуштаат непосредно пред смртта

Вознемирувачкиот и непријатен, но нормален звук што го испуштаат луѓето кога умираат, наречен „кркотење пред смрт“, често се јавува во последните 24 часа од животот.

Според белгискиот експерт д-р Паулиен Мојаерет, специјализант по нуклеарна медицина и кандидат за докторат, овој вид дишење, слично на стенкање и 'рчење, сигнализира намалување на свесноста и природен процес на исклучување на телото.

Како што опаѓа свесноста, така пациентите ја губат способноста да голтаат и да ги чистат оралните секрети, објаснува д-р Мојаерет во видео на неговиот јутјуб-канал. Плунката и слузта ги затнуваат дишните патишта. Воздухот се движи преку овие секрети, што резултира со „бучно“, дишење објаснува докторката.

Овој вознемирувачки звук, кој понекогаш се опишува како обид белите дробови да дишат низ слојот плунка, не е вознемирувачки за пациентот бидејќи во тој момент не реагира и длабоко спие. Но, овој звук може да го вознемири семејството бидејќи понекогаш изгледа како пациентот да се дави.

Докторката објаснува дека постојат интервенции за контрола на звукот и често се користат лекови за сушење на дишните патишта.

- Затоа често даваме лекови за сушење на дишните патишта и за ублажување на овој звук. Кога го правиме тоа, најчесто не го правиме за личноста што умира, туку за семејството - нагласува д-р Моајерт и додава дека приспособувањето на положбата на пациентот, како што е вртењето настрана и подигнувањето на главата, исто така може да го намали звукот.

Иако е вознемирувачки да се слушне, овој звук е природен дел од процесот на умирање и укажува на тоа дека пациентот е во мир.



Извор: Indy100.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука