Мудри
зборови на легендарниот Бранислав Нушиќ :
- Правдата на луѓето често им е потешка од неправдата.
- Првиот бакнеж е како мала матура, а потоа се преминува во повисоките паралелки каде што се учи виша математика на љубовта со сите познати и непознати количини.
- Бракот е договор според кој човекот еднаш во животот ќе каже „ДА“ и ќе ја преземе обврската тоа да го повторува целиот живот.
- Знаењето има граници, а незнаењето нема.
- Бракот е писмо кое е интересно само додека е затворено.
- Вистината честопати е помалку постојана од заблудата.
- Кога имаш срце, не можеш да имаш гаќи.
- Љубовта е еден вид на пијанство. Кога човекот ќе испие прва и втора чаша, добива апетит и чувствува жед, а потоа пие чаша за чаша.
- Мудроста често е збир на човечки лудости.
- На сцената прво се крева завесата а потоа се одигрува драмата. Во животот тоа се одвива поинаку : најпрво се игра драмата, а потоа се крева завесата.
- Првата љубов е опасна само кога е и последна.
- Слободата често е фраза, а тиранијата е секогаш вистина.
- Среќата речиси секогаш е погрешна, а неволјата не.
- Секоја жена е актерка : што помалку се забележува, толку е поголема актерка.
- Во втората љубов човек се чувствува како да повторува на училиште. Ги познава сите предмети, а сепак не е уверен како ќе пројде испитот.