Автономната Монашка Држава Света Гора во Грција е единствената област во светот во која луѓето не се раѓаат, туку само умираат. Монасите доаѓаат на Света Гора да се молат за да умрат на овој свет и повторно да се родат во Исус Христос.
Монасите таму живеат по правилото дека за Бога, илјада години се како еден ден, а еден ден како илјада години. Нивните приказни и цитати се пренесуваат само усно, а досега биле запишани повеќе монашки изреки. Во продолжение прочитајте дел од нив.
- Братот останува брат, дури и ако е непријател.
- Библиотеката е аптека за умот.
- Вековите се копираат едни со други.
- Камилата не си ја гледа сопствената грпка.
- Си се фатил на оро, мора да играш.
- За непријателот кој си заминува, изгради златен мост.
- Евтиното јаде повеќе пари.
- Ако не го фалиш својот дом, тој ќе се сруши, и тоа врз тебе.
- Гревот исповеден напола е простен.
- И ѕидовите имаат уши.
- Подобро одвоени во љубов отколку блиску во кавга.
- Малку по малку и незрелото грозје станува мед.
- Морето е сино, но ветрот го прави црно.
- Никогаш не прашувајте за она што не ве засега и никогаш нема да имате проблеми.
- Од малите и сиромашните секогаш ќе ја дознаете вистината.
- Помеѓу две зла, нема да најдеш кое е подобро.
- Раната од нож се лекува, но за раната од јазик нема лек.
- Гледај каде одиш и ќе стигнеш таму каде што гледаш.
- Зрно по зрно полна вреќа.
- Чистото небо не се плаши од молњи.
Извор:
DDL
Фото: Pixabay