X
 12.11.2017 Култура

„Само простите луѓе се полни со самоувереност, паметниот човек секогаш се преиспитува себеси!“

Ирвин Дејвид Јалом е познат психотерапевт со хуманистичка и егзистенцијалистичка ориентација, психијатар и писател. Тој е почесен професор по психијатрија на универзитетот „Стенфорд“. Јалом е плоден писател на книги поврзани со психијатријата, како „Лекување со Шопенхауер“, „Кога Ниче плачеше“,„Проблемот Спиноза“,  „Крвник на љубовта“, „Магијата на психијатријата – Отворено писмо до новата генерација психотерапевти и нивните клиенти“... Неговиот учебник „Групна психотерапија“ е главна референција за таа област. Повеќе за авторот, прочитајте на www.yalom.com.

Ви претставуваме извадоци и цитати од неговите најпопуларни дела:

***

„Како го објаснувате тоа што некои луѓе се полни со самоувереност?

    Прашајте се кои се тие луѓе што се сигурни во себе, секогаш се ведри и мирни. Такви се само луѓето без визија, простите луѓе и децата. Очајувањето е цената која ја плаќа човек за својата самосвест.“

    Интелигентниот човек не е секогаш сигурен во тоа што работи и го зборува. Паметните луѓе секогаш се преиспитуваат.“

***

„Само ранет исцелител може навистина да лекува.“

***

„Секое лице мора да одлучи колку вистина може да поднесе.“

***

„Животот е искра на светлина помеѓу две празнини: темнината пред раѓањето и темнината на смртта.“

***

„Не раѓајте деца додека не бидете подготвени да бидете создатели и да создавате создатели. Погрешно е да се раѓаат деца од потреба, да се користи детето за пополнување на осаменоста, да се произведуваат копии од себе за самите да си обезбедиме цел. Погрешно е да се бара бесмртност сеејќи свое семе во иднината, како да тоа ќе ја задржи вашата свест.“

***

„Човечкиот дух е исткаен од неговите избори.“

***

„Сецирајте ги подлабоко своите мотиви. Ќе откриете дека никогаш никој не направил ништо возвишено за другиот. Сите постапки се насочени кон себе, сите услуги за себе, целата љубов е љубов кон себе... Нурнете подлабоко и ќе сфатите дека не ги сакате нив: она што го сакате се пријатните чувства кои таквата љубов ги создава во вас!“

***

„Чезнеам за љубов која е нешто повеќе од желбата на двајца луѓе да го поседуваат другиот.“

***

„Кога личност која поседува ретки таленти ја терате да работи некаква работа затоа што е корисна, тоа е како скапоцена и деликатно украсена вазна да ја користите како кујнски лонец.“

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура