Принцот Хари повторно се најде на насловните страници во медиумите низ светот, овој пат поради објавувањето на неговата книга „Резерва“ (Spare).
Неговата книга сега се најде во хумористична објава на една независна книжарница во Свиндон, Обединетото Кралство. Имено, книжарницата „Бертс букс“ ја поставила книгата на принцот Хари веднаш до романот „Како да го убиете своето семејство“ (How to kill your family) на авторката Бела Меки.
Објавата со фотографија од излогот на книжарницата собра илјадници коментари и лајкови на социјалните мрежи.
Контроверзната книга на принцот Хари почна да се продава низ светот неделава.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Twitter