X
 11.02.2016 Образование

Бизниси што можете да ги почнете од вашата студентска соба

Што имаат заедничко компании како „Мајкрософт“, „Дел“ и „Фејсбук“? Освен што се едни од најуспешните компании кои буквално го тресат пазарот, сите овие компании биле започнати од студенти.

Секако, не секој може да биде Марк Закерберг, меѓутоа започнувањето на мал бизнис додека сте на факултет е дефинитивно возможно. Постојат неколку опции кои бараат мал капитал, но важно е дека можат да се направат без канцелариски простор.

Претприемништвото на факултет може да помогне во создавање на вредни врски како и приходи кои и тоа како ќе ви се најдат. Со вас споделуваме неколку идеи за бизнис кои можете да го започнете буквално од вашата студентска соба.

1. Консултант за информациска технологија


Информациската технологија е едно поле кадешто искуството со години всушност можат да работат против вас. Студентите обично ги имаат најсвежите вештини во оваа област и знаење за најновите технологии.

Ако не се чувствувате самоуверени во промовирање на себеси како ИТ-консултант во бизнисот, „пуштете“ збор низ факултет дека сте достапни за помош на луѓето кои имаат проблеми со компјутерот, па започнете од таму.

2. Консултант за социјални медиуми

Студентите често ги следат најновите трендови на социјалните медиуми. Искористете го ова знаење и искуство за да ги советувате компаниите за нивната стратегија за социјални медиуми и воведете им нови можности за промовирање.

rabota
Фото: Freepik

3. Графички дизајн

Графичкиот дизајн повеќе се потпира на креативноста и талентот отколку на години искуство. Студентите по дизајн треба да ги презентираат своите најдобри проекти, да испечатат импресивни бизнис картички и да започнат со својот бизнис.

4. Дизајн на веб страна


Денешните студенти се многу повеќе изложени на дизајнирање на веб страни од било кога. Голем дел од нив направиле многу за клубовите во кои учествуваат и за сопствените блогови. Овие страни можат да се искористат како примероци со цел да се почне бизнис.

5. Фотографија


Благодарение на платформите како „Пинтерест“, „Инстаграм“, „Снепчет“ и „Фејсбук“, светот стана навикнат да ги користи фотографиите како начин на комуникација. Со зголемената потреба за визуелна содржина, фотографите и тоа како можат да успеат во бизнисот.

6. Планирање на настани


Студентите на факултет веројатно имаат присуствувано на голем број забави, па ова искуство добро би било да се искористи најдобро што може. Планирањето на настани бара внимание за детали, организација и способност за мултитаскинг и креативност.

7. Личен тренер

Личните тренери имаат флексибилни часови, лесна работа и доста добра заработка. Зошто да не го искористите вашето знаење за здрава исхрана и вежби и да заработите некој денар?

8. Услуги за чистење


Започнувањето на бизнис кој нуди услуги за чистење им овозможува на студентите да работат флексибилни часови и не бара канцеларија.

9. Шминкерка

Одличен бизнис за оние кои знаат како да „управуваат“ со сенките за очи. Друг нов начин за правење пари е поставување на туторијали на социјалните медиуми и на „Јутјуб“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование