Околу 71 отсто од Американците активно барале нова работа или размислувале за тоа, покажува истражување од 2017 година. Постојат многу причини поради кои луѓето даваат отказ - недостаток од напредок, лош шеф и ниска плата се некои од најчестите.
Авторката Џесика Тифлс наведува како таа знаела дека е време да си замине од петте работни места на кои била во последните седум години.
Ако мислите дека треба да ја смените работата, но не сте сигурни дали треба да го сторите тоа, еве некои знаци кои ѝ покажале на оваа авторка, која сега има сопствен бизнис, дека е време да се продолжи напред.
Бев подготвена да напредувам, но не можев
Извештаите посочуваат дека честа причина поради која работниците ги напуштиле претходните позиции е стагнацијата. Тоа довело до повеќе откази отколку проблемите со воспоставувањето баланс меѓу приватниот живот и работата, раководството или компензацијата и политиките за бенефити на компанијата.
Речиси секоја позиција ја напуштав поради истата причина. Знаев дека сум подготвена да добијам поголема улога, но не можев во таа компанија. Унапредувањето беше тргнато настрана, не се расправаше за покачување и беше јасно дека бизнисот беше во мирување - заедно со мојата кариера.
Не добивав поддршка кога најмногу ми требаше
Се сеќавам дека седев на состаноците на моето првото работно место и мислев „Како ќе придонесам за овие разговори?“ Се чувствував како идиот во просторијата, без големи идеи, повратни инфромации или сугестии. Што е полошо, не добивав никаква поддршка. Ми беа давани задачи и се очекуваше да читам меѓу редови или да разберам нешто што никогаш не ми беше објаснето.
Тоа ми беше првата професионална работа како писател и имав многу за учење, но немаше кој да ме научи. Завршив работејќи во делот за социјални медиуми, нешто што никогаш претходно го немав работено. Но, поради таа можност, тргнав по патот на дигиталниот маркетинг и сега сум тренер.
Сепак, во тоа време беше и забавно и фрустрирачки. Забавно беше сама да си ги диктирам правилата за тестирање, постирање и планирање, но беше фрустрирачно што кога ми требаше поддршка од мојот шеф, тој не се појавување на состанок или на долга и детална порака одговараше со една реченица.
Имав низа лоши шефови
Едно испитување од 2017 покажа дека 44 отсто од вработените напуштиле некое работно место поради лош шеф, што и не е изненадување.
Фото: Business Insider
Ова беше една од најзначајните причини зошто дадов отказ од мојата прва работа, каде имав не еден, туку тројца лоши шефови. Едниот беше премногу зафатен, другиот не знаеше како да менаџира со луѓето, а третиот не се интересираше за работата на нашиот тим или во тоа да се осигура дека сме успешни.
Бев заглавена во еднодимензионална позиција
Кога ја добив работата како помошник-редактор, бев премногу возбудена. Тоа беше огромен чекор за мене и ќе работев за она што мислев дека е мојата компанија од
соништата. Сепак, брзо сфатив, уште од првиот ден, дека јас сум само број и дека мојата работа беше да дадам колку што е можно повеќе содржина.
Додека ги напуштав работните места поради една или друга причина, научив нешто на секоја позиција. Сега кога имам свој бизнис, се сеќавам на сите ои искуства како на книга од она што треба и она што не треба да се прави. Знам дека ќе продолжам да додавам и во текот на остатокот од кариерата.