X
 16.04.2023 Живот

Многумина веруваат дека овој човек бил инспирација за Шрек

Многумина денес веруваат дека ликот на Шрек е инспириран од животната приказна на Морис Тиле, попознат како Францускиот Ангел.

Морис Тиле бил роден во 1903 година во Русија, од родители Французи кои отишле во друга земја за да заработат пари. Тој го изгубил својот татко уште како дете, а набрзо потоа се случила револуцијата, поради која мајка му решила да се врати во татковината.

Првите знаци на акромегалија


Неговите блиски пријатели тврделе дека тој бил исклучително убаво дете додека растел и токму затоа го викале ангел. Но, на 18 или 19 години, Морис забележал дека неговите екстремитети почнале да отекуваат. Одеднаш, рацете, нозете, па дури и главата почнале брзо да му растат. Тоа биле јасни знаци на акромегалија, што за брзо време било потврдено и од лекарите.

Знаеле дека болеста е предизвикана од тумор на хипофизата, но немало лек. Појавата на некогаш згодниот дечко продолжила да се трансформира. Ова го одвратило да студира право на Универзитетот во Тулуза, па се приклучил на француската морнарица како инженер и пет години поминал во служба.



- Можеби со таков лик можев да станам адвокат, но мојот магарешки глас едноставно е невозможно да се слуша. Наместо тоа, отидов во морнарицата - објаснил еднаш тој.

Француски Ангел

Во 1937 година Морис случајно го запознал професионалниот борач Карл Поџел. Имено, бидејќи дотогаш неговиот изглед веќе бил променет, Поцел го прашал за проблемот. Изнервиран, му опцул на руски јазик. Карл веднаш се надоврзал на истиот јазик и излегло дека и тој живеел во Санкт Петербург пред 1917 година.



Од тој момент станале неразделни пријатели. Карло го убедил Морис да почне да се бори. Заедно се преселиле во Париз, каде што почнале да тренираат. Во текот на следните две години Морис постигнал голем успех. Но, животот уште еднаш одлучил да ги изненади двајцата, но и светот. Почнала Втората светска војна. Сфаќајќи дека нема да може да изгради кариера во Европа, Морис и Карло заминале во САД.

Во Бостон го добил прекарот Францускиот Ангел и со помош на менаџерот Пол Боусер стекнал голема популарност. Покрај необичниот изглед, Морис имал и одлична вештина: не изгубил ниту еден натпревар 19 месеци по ред. Наскоро на сцената се појавиле многу негови имитатори од различни земји, а Морис дури и се борел против некои од нив.

Тој бил светски шампион во тешка категорија на Американската асоцијација во борење од 1940 година и ја освоил титулата повторно во Бостон во 1944 година. Бидејќи болеста напреднала, неговата кариера кратко траела.



Влошено здравје

Од 1945 година Морис веќе не бил незапирлив. Почнал поретко да настапува, а кога ќе излезел да се бори, губел. Главоболките и слабиот вид продолжиле да му се влошуваат. Во 1953 година Морис се борел за последен пат и изгубил.

Веќе следната година неговата здравствена состојба била лоша, а набрзо почнал да страда од проблеми со срцето. Можеби ќе живеел малку подолго доколку неговиот пријател и тренер Карло не починел од рак на белите дробови. Кога ја слушнал веста, Морис се фатил за градите и починал на 50-годишна возраст.

Пријателите биле погребани заедно, а на гробот бил поставен споменик.

Иако никогаш не било потврдено, се смета дека анимираниот херој Шрек бил направен според него.

Извор: National Geographic
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот