X
 11.02.2019 Култура

Британец чувал четки за заби во антички сад стар 4.000 години

Британец вработен во аукциска куќа помагал да се истовари испорака кога сфатил дека древни керамички садови од Авганистан имале голема сличност со стариот глинен сад во кој си ја чувал четкичката за заби. Набрзо открил дека неговиот сад, кој го купил за 6 долари, е антички сад создаден пред 4.000 години.

Ова било неочекувано откритие за Карл Мартин, кој работи во аукциската куќа „Хансонс“ во Етвал, Дербишир. Карл го купил садот пред пет години.

- Веднаш ми се допадна. Се сомневав дека може да е многу стар, но потоа заборавив. Специјализирав за британска историја, а не за светска историја, така што не сум експерт во ова поле - вели тој.

1
Фото: Hansons Auctioneers


Експертот за антиквитети од „Хенсон“, Џејмс Бренли, го идентификувал садот како дело од бронзеното време на цивилизацијата Харапан во долината Инд, регион на модерен Авганистан, кој бил познат како лулка на раната цивилизација.

- Веројатно бил вратен во Велика Британија пред неколку години од богати патници - вели Џејмс.

Откако дознал што поседува, Мартин го понудил садот во аукциската куќа „Хансонс“. Аукциската куќа го опишала парчето како „добро обоен керамички сад со насликана декорација на која се наоѓаат антилопа и други мотиви“.

Садот бил продаден за 100 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура