X
 11.02.2019 Култура

„Рома“ - добитник на БАФТА за филм на годината

Наградата на Британската академија за филмска уметност (БАФТА) за најдобар филм му припадна на црно-белиот „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, а пак за најдобар британски филм е прогласен „Миленичка“ на Јоргос Лантимос.

Наградата за режија ја освои Куарон, Реми Малек го доби признанието за најдобра машка улога за „Боемска рапсодија“, а за најдобра женска улога е наградена Оливија Колман за „Миленичка“.

„Миленичка“ имаше 12 номинации, а победи во седум категории.

На свеченото доделување во „Ројал Алберт хол“ присуствуваа и британскиот принц Вилијам со својата сопруга Кејт, како и многубројни филмски ѕвезди и познати личности.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура