Драган Бјелогрлиќ го сними филмот „Чувари на формулата“ (Čuvari formule), кој се фокусира на потенцијална нуклеарна криза во поранешна Југославија. Филмот премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Локарно, кој почнува на 2 август.
Филмот е базиран на романот „Случајот на Винча“ на Горан Милашиновиќ, кој ја раскажува вистинската приказна за несреќата во Винча во 1958 година. Во екот на Студената војна група научници од институтот „Винча“ спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ.
Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на зрачење, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиника во Париз. Францускиот лекарски тим заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани.
Иако професорот Матео целиот свој живот го посветил на борбата против нуклеарното оружје и длабоко го презира проектот на кој работеле југословенските научници, тој предлага првпат во историјата да се спроведе деликатната и неизвесна интервенција за замена на коскената срцевина на озрачените пациенти. Дали станува збор за експеримент врз живи луѓе или лекарот навистина сакал да им помогне?
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Instagram