13.05.2019
Технологија
Нобеловец предлага дополнителен данок на приход за „Фејсбук“
Дополнителен данок на приход од рекламите што ги пласира „Фејсбук“ би можел да ја натера комапнијата, но и други компании да не бидат вшмукувачи на личните податоци на корисниците, оцени Пол Ромер, добитник на Нобеловата награда за економија.
Тој тврди дека дигиталните платформи можеби и не се толку големи за да пропаднат, но се премногу големи за да им се верува.
- И покрај повикот на Марк Закерберг за ново законодавство и регулација, тие можеби се преголеми за да можат да се регулираат - истакна Ромер за „Дојче веле“.
Тој оценува дека наместо законско ограничување на овие компании, попаметно е да се воведат дополнителни прогресивни даноци на сета заработувачка од реклами што користат таргетирање. Тоа се рекламите кои на корисниците им се појавуваат врз основа на нивните лични податоци - на пример кога некој преку пребарувачот „Гугл“ бара половен автомобил, а потоа на „Фејсбук“ му се појавува реклама за половни автомобили.
Извор: МИА