X
 05.10.2015 Економија

Глобалното богатство во светот се зголемило за 7,1 отсто

Европската компанија за нудење финансиски услуги „Allianz“ со седиште во Минхен го претстави Извештајот за глобално богатство со кој се анализира состојбата во однос на имотот и долговите во домаќинството во повеќе од 50 земји.


Според извештајот се гледа дека во текот на 2014 година глобалниот износ на финансискиот имот на домаќинствата пораснал за 7,1 отсто во однос на 2013 година, односно на 136 милијарди евра.

Просечниот нето финансиски имот по глава на жител за изминатата година во Швајцарија изнесувала 157.450 евра.

Приватниот имот во Кина го надминал приватниот имот во Јапонија изминатата година, а бројот на луѓе кои припаѓаат во средна класа по глобалното богатство го стигна бројот од една милијарда. За разлика од финансискиот имот, глобалните долгови на домаќинствата за изминатата година растеле поспоро, за 4,3 отсто, а биле 35 милијарди евра.

На крајот на 2014 година бил забележен нов рекорден износ на нето финансискиот имот за повеќе од 100 милијарди евра, кои ги добиваме доколку го одземеме долгот од бруто финансискиот имот, што е зголемување од 8,1 отсто во однос на претходната година. 


Во регионите на источна Европа и Јужна Америка финансискиот имот бил зголемен за 8,6 отсто, односно 4,2 отсто, соодветно.

Изминатата година, бројот на жители кои ѝ припаѓале на средната класа во однос на глобалното богатство првпат го надминал бројот од една милијарда. Од 2000 година, речиси 600 милиони луѓе од категоријата на сиромашни преминале во категоријата на средна класа.

Речиси две третини од припадниците на средната класа по глобално богатство доаѓа од Азија, а 85 отсто од нив се од Кина. Од друга страна, 40 милиони жители од источна Европа припаѓа во средната класа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија