Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“ (МСУ) потпиша договор за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) од Скопје. Потпишувањето беше во просториите на МСУ во Свети Николе, а присуствуваа проф. д-р Ленче Петреска, ректор на МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ, проф. д-р Ризван Сулејмани, проректор на УМТ, и проф. д-р Зоран Трифунов, декан на Факултетот за технички науки при УМТ.
Со овој договор се регулираат областите за заедничка соработка, како и формите и начините на неговата имплементација во делот на развојот на истражувањето и образованието. Двата универзитета во иднина заеднички ќе организираат и ќе спроведуваат истражувачки проекти, унапредувајќи ги процесите на настава и остварувајќи размена на информации, искуство, наставнички кадар и студенти.
(Комерцијална објава)