Бразилски пратеник, според кого властите не прават доволно за да се справат со распространетата корупција во политичките кругови, поднесе предлог-закон со кој се предвидува на секој политичар осуден за корупција да му се отсечат двете раце.
Во бразилскиот Конгрес нема изгледи тој предлог да добие поддршка, со оглед на тоа дека десетици пратеници се под истрага за корупција и перење пари.
Според конгресменот Емерсон Петрив, познат по своето политичко име Бока Аберта, таква драстична мерка е потребна во државата.
- Тоа е шокантен предлог, но, за жал, многу политичари крадат пари од даночните обврзници. Во арапските земји никој не краде од страв дека ќе му ја отсече раката - рече тој.
Извор: МИА