X
 31.03.2022 Наука

„Хабл“ ја откри најдалечната и најстара ѕвезда досега

Американската вселенска агенција НАСА објавила дека вселенскиот телескоп „Хабл“ забележал нова оддалечена ѕвезда која има најмалку 50 пати поголема маса од Сонцето. Ѕвездата свети милиони пати посилно и е толку длабоко во вселената, што се потребни 12,9 милијарди години за светлината оттаму да стигне до Земјата.

Таа била создадена многу одамна и сега се наоѓа на оддалеченост од 28 милијарди светлосни години од нас. Откритието е големо бидејќи станува збор за најдалечната и најстара ѕвезда откриена од човештвото. Ѕвездата била наречена Ирандел, што значи утринска ѕвезда на староанглиски јазик.


Фото: „Хабл“/Pixabay

- Истражувањето на Ирандел ќе биде прозорец во ера од универзумот со која не сме запознаени, но што довела до сè што знаеме - изјавил астрономот Брајан Велч од Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Тој е главен автор на истражувањето кое го опишува откривањето на ѕвездата.

Ирандел би можела да биде детално истражувана од вселенскиот телескоп „Џејмс веб“ кој беше лансиран минатата година за да ги истражува далечните делови од универзумот.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука