X
 11.03.2024 Живот

„Неромантични врски“ - германското општество бара алтернативи за семејство

Соочена со стареењето на населението и зголемениот број луѓе што живеат сами, германската влада планира да воведе нов правен механизам за да им помогне на луѓето во „неромантични врски“ да преземат одговорност едни за други.

Во Германија се менува начинот на кој луѓето живеат, сакаат, стануваат родители и стареат. Истовремено, во општество во кое секој четврти човек вели дека се чувствува осамен, останува важно да се грижат едни за други, без разлика дали се работи за грижа за деца или за стари лица.

- Веројатно најголемата реформа на семејното право во последните неколку децении - вака министерот за правда Марко Бушман го опишува камен-темелникот на потенцијално радикалниот предлог.

„Заедница на одговорност“


Таканаречената „заедница на одговорност“ треба да обезбеди нов правен механизам преку кој групи од две до шест лица ќе можат да преземат законска одговорност едни за други, на пример, во случај на итна медицинска помош.

- Заедницата на одговорност има и дополнителна симболична вредност. Секој што влегува во неа создава социјална врска и нешто позитивно - вели Бушман.

- Вистината е дека нема сигурност во модерните романтични врски, а луѓето често го учат тоа на потешкиот начин - вели социологот Андреа Неверла, која спровела истражувања за интимноста и моделите на врски.

Во општество што старее, прашањето за тоа на кој начин сакаме да живееме заедно и видовите мрежи за поддршка на кои луѓето се потпираат треба целосно да се испита, додава Неверла. Тоа подразбира децентрализација на доминантниот модел на врската на романтична љубов меѓу две лица.

- Кога навистина сакаме да направиме нешто како група, како колектив - не знам за некој постоен концепт во современото општество во кој може доброволно и законски да се влезе. Потребни ни се стимулации за луѓето да се здружат - додава таа.

- Мораме да бидеме креативни, а ни требаат и стимулации од државата за да ни овозможи да ги испробаме овие различни форми. Заедницата на одговорност всушност би можела да биде слободен простор за експериментирање, бидејќи би било можно групи луѓе да експериментираат со нови форми на заедница на начин кој е признат од државата и законски заштитен (како што е бракот) - вели таа.

„Понуда што никој не ја бара“


Владата вели дека ваквата заедница ќе им го олесни животот на постарите и самохраните родители. Сепак, групите што ја застапуваат се скептични околу тоа колку навистина ќе им ги промени животите на луѓето.

Постарите луѓе имаат повеќе од двојно поголеми шанси од просечната популација да живеат сами. Околу 32 отсто од луѓето на возраст од 65 и повеќе години во Европската Унија живееле сами во 2022 година. Во Германија оваа бројка е дури 34 отсто, покажуваат податоците на Здружението на приватните компании за здравствено осигурување. Се предвидува дека до 2030 година на дури 5,75 милиони луѓе во Германија ќе им биде потребна нега.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот