Дали ви е позната разликата помеѓу криптогамисти и криптограмисти? Сигурно не. Се чини дека на никој од британското министерство за одбрана не му била позната за време на Втората светска војна.
Во 1939 година тогашното министерство го регрутирало Џефри Тенди за работа во паркот Блечли, таен британски, а потоа и сојузнички, криптоаналитички центар за дешифрирање на непријателските шифри, познат по успешното декодирање на германската машина „енигма“ .
Тенди дотогаш работел како криптогамист, односно експерт за бесцветна репродукција на растенија, како што се морска трева, папрат и мов. Некој од министерството за одбрана го помешал името на неговата професија (криптогамист) со името на професијата на оној што ги дешифрира шифрираните пораки (криптограмист или криптограф).
На тој начин Џефри Тенди завршил во тимот на познатиот математичар Алан Тјуринг, работејќи на дешифрирање на најпознатиот уред за шифрирање пораки за време на Втората светска војна.
Тенди дал сè од себе за да го научи сето она што било важно и неопходно за професионално да си ја заврши работата за која бил по грешка избран. Во Блечли работел две години. Иако не бил математички гениј како Тјуринг, одиграл значајна улога во дешифрирањето на „енигма“.
Токму тој успех, според тврдењата на некои историчари, влијаел врз исходот на
Втората светска војна и поразот на нацистичка Германија.
Фото: Screenshot/YouTube