X
 11.04.2019 Технологија

Кинеските власти сакаат да го забранат копањето криптовалути

Кинеските мерки за криптовалутите наскоро може да се прошират и на рударењето, а влијанието може да го засегне целиот свет.

Во Кина, комисијата за национален развој и реформи има задача да ја проучи националната економија и да го води идниот развој - делумно преку правење листи со индустрии кои сака да ги охрабри, забрани или згасне.

Во понеделникот агенцијата сподели предлог-ревизија на листа за јавен фидбек и комисијата сугерира рударењето на криптовалути како активност да биде елиминирано од кинеската економија - неочекуван потег кој може да предизвика зголемување на вредноста на криптовалутите.

До 7 мај кинеската јавност може да го коментира предлогот, кој не вклучува краен рок или план како да се забрани рударењето, но наведува некои причини за забраната.

Според одредени медиуми, рударењето на криптовалути било ставено на листа заедно со други индустрии за кои комисијата верува дека им недостигаат услови за безбедно производство, дека сериозно исцрпуваат ресурси и дека ја загадуваат околината.

Според аналитичарот Мати Гринспан, доколку Кина го забрани копањето на криптовалути, овој потег веројатно ќе ја зголеми глобалната просечна цена на копањето биткоин, најпопуларната криптовалута во светот, бидејќи Кина е клучниот обезбедувач на евтина електрична енергија идеална за активноста. Тоа најверојатно ќе ја зголеми цената на биткоинот.

Сепак, комисијата нема некоја правна тежина - ова се само сугестии на агенцијата - па сè додека кинеската влада не одлучи да ги следи советите на комисијата, рударењето на криптовалути во Кина ќе продолжи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија