X
 22.09.2017 Култура

Живеел во пештера 25 години и создал неверојатно уметничко дело

пештера
Фото: Printscreen/YouTube

Во пустина во северниот дел на Ново Мексико можете да слушнете звуци на резбање - еден човек воодушевено работи под земја, во една пештера.

Последните 25 години Ра Паулет ги поминал токму во пештера во Ново Мексико, резбајќи камен и создавајќи неверојатна уметност. Тој со години го работел ова, а единствено друштво му правел неговиот домашен миленик.

На прашањето дали е опседнат со копање пештери, тој дава доста интересен одговор: „Дали детето е опседнато со играње?“  и додава: „Кога го сакате она што го работите и ве привлекува, сакате да работите по цел ден. Гледам на ова како на еколошки проект. Мојата цел е да ги охрабрам луѓето со овие резби емоционално да се отворат“.

Интересно е тоа што Ра не се гледа себеси како уметник, туку едноставно како човек кој страсно ги искажува своите чувства.

После години анонимност, Полет стана предмет на документарен филм, поради кој режисерот внимателно го следел три години. Филмот се вика „Cavedigger“ и беше номиниран за „Оскар“ во категоријата краткометражен документарен филм.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура