Австрија ќе биде првата и единствена држава од Европската Унија што забранува употреба на хербицидот глифосат за кој има сомнежи дека предизвикува рак.
Останатите држави од ЕУ воведоа делумни забрани за глифосатот што го разви компанијата „Монсанто“, сега во сопственост на германската „Баер“.
Франција наместо забрана, го прогласи за бескорисен во земјоделското производство.
- Научните докази за канцерогеноста се сè подостапни и повидливи. Затоа се одлучивме на целосна забрана за глифосати - изјави Памела Ренди Вагнер, лидер на австриските социјалдемократи.
Глифосат е хемиски препарат развиен во американската компанија „Монсанто“ и на пазарот пласиран како Roundup. Тој сега е широко распространет во светот и го произведуваат сите други хемиски компании, меѓу кои и германската „Баер“.
Загриженоста за штетноста на глифосатот што се користи за уништување плевел се појави во 2015 година кога СЗО објави дека е канцероген.
Извор: МИА