X
 11.04.2019 Живот

Уапсен Асанж

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Асанж престојуваше во зградата на еквадорската амбасада во Лондон изминативе седум години.

На објавените снимки може да се види дека Асанж буквално е изнесен од зградата.



Вчера од „Викиликс“ истакнаа дека Асанж бил предмет на софистицирана шпионска операција во Амбасадата на Еквадор, во која тој престојувал од 2012 година.

- „Викиликс“ откри голема операција за шпионирање против Асанж во Амбасадата на Еквадор - изјави вчера Кристин Храфнсон, главна уредничка на „Викиликс“, најавувајќи дека „иселување“ на Асанж од амбасадата би можело да се случи во кој било момент.

Таа не изнесе докази за своите тврдења.

- Знаеме дека постоеше барање да се предадат записниците од посетителите на амбасадата и видеоснимките од безбедносните камери во објектот - рече Храфнсон и додаде дека таа претпоставува оти информациите се предадени на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот