X
 01.01.2023 Забава

Аеродром на плажа во Шкотска се користи само кога има одлив

Во Шкотска се наоѓа еден од најнеобичните аеродроми во светот, на островот Бара, и тоа е единствено место во светот каде што комерцијалните авиони слетуваат на плажа.

Секако, тука не слетуваат големи авиони, туку мали авиони кои се посебно дизајнирани за слетување на песок. Притоа, јасно е дека слетувањето е возможно само кога има одлив. Редот на слетување зависи од приливот.

Првите авиони на островот слетале во 1936 година, а денес бројот на патници што слетуваат тука надминува 14.000 годишно. Секој ден има две слетувања и две полетувања од и до Глазгов. Аеродромот има три кратки писти означени со дрвени стапови и поставени во облик на триаголник за авионите да може да слетуваат без оглед на насоката на ветерот.



За слетувањето на песокот да помине добро, вработените во аеродромот го собираат отпадот од плажата донесен од приливот двапати дневно. Аеродромот нема дозвола за ноќни летови, но итните летови може да бидат спроведени со помош на посебни возила кои ја осветлуваат пистата.

Кога нема летови, плажата функционира како и секоја друга плажа. Меѓутоа, од сите гости се бара да ги следат ознаките што најавуваат дека има услови за слетување и полетување.


Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава