X
 11.04.2022 Живот

Хаос во образованието - родителите збунети, наставниците поделени

И по закон и по Устав децата мора да бидат згрижени, велат од Министерството за труд и социјална политика, но на терен владее хаос – некои родители ги однеле децата на училиште, но не знаат кој ќе ги чува, дали воопшто некој ќе ги чува, дали ќе има храна во целодневната настава или не!

Утрово почна најавуваниот штрајкот во образованието, на згрижувачкиот и воспитен кадар во градинките и на наставниот кадар, откако деновиве не се постигна договор помеѓу СОНК и Владата.
Многу работи не се јасни, па родителите имаат дилема што да прават со своите деца. Некои училишта им кажале дека ќе работат со заменски наставници, а некои не.

– Утрово ја однесов ќерка ми на училиште бидејќи не знаев како да постапам, учителките ништо не ни кажаа иако сто пати ги прашавме што да правиме. Дојдоа две деца, седеа во училницата околу половина час, но никој не се појави. Почекав, па на крај ја зедов ќерка ми и си заминавме – вели мајка на втораче.

Родителите што имаат деца во различни одделенија добивале контрадикторни информации.

- Син ми е прваче и неговите учителки ни кажаа дека ќе штрајкуваат, дека не знаат кој ќе ги чува децата, па повеќето родители се изјаснија дека нема да ги носат децата. Истовремено, повеќето наставници од предметна настава на ќерка ми, во истото училиште, кажаа дека не штрајкуваат и дека учениците мора да дојдат на настава – вели мајка на две деца во основно училиште од Скопје.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот