- Студирањето на Факултетот за безбедност-Скопје е вистински избор - вели проф. д-р Неџат Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии-Сараево и поранешен студент на Факултетот за безбедност-Скопје.
Факултетот за безбедност-Скопје е високообразовна институција што постои 42 години, на почетокот единствена на просторите на поранешната СФРЈ и во континуитет гради и воспоставува нови меѓународни стандарди за едукација од областа на безбедноста, евроатлантските интеграции, криминалистиката, криминологијата, финансиската контрола и др. Системот за безбедност и одбрана на државата е еден од виталните столбови на секоја современа држава.
На Факултетот за безбедност денес се применува практичен пристап на стекнување на теоретските знаења, со што студентот добива три во едно - високо квалитетна едукација, задолжителна практична работа, мобилност надвор од факултетот и контакт со студенти и професори од првите 500 универзитети на Шангајската листа.
Јас како припадник на една од првите генерации на Факултетот за безбедност, денес може да нагласам дека Факултетот за безбедност обезбедува континуирана поддршка и постојано унапредување на наставно-образовниот процес. Секој што ќе се определи да студира на овој Факултет ќе се увери дека станува збор за средина на стимулативни и интерактивни предавања, а во центарот на вниманието секогаш е студентот. Како резултат на тоа, студентите се мотивирани и инспирирани, слободно ги изнесуваат своите ставови за наставата, но и за безбедноста како суштински сегмент на општественото живеење.
Матурантите сигурно се наоѓаат пред дилемата каде да го продолжат своето образование. По завршувањето на студиите ќе се здобијат со диплома на најстариот факултет од областа на безбедноста, со што им се отвораат вратите за вработување во безбедносните институции и недржавните актери од безбедноста.
Доколку ги прашате сегашните студенти, сигурен сум дека ќе се определат повторно да студираат на Факултетот за безбедност и ќе го направат истиот избор. Многу студенти што го завршиле овој факултет денес се наоѓаат на високи позиции во безбедносниот систем на Република Македонија и јавниот живот во државата.
Во поголем дел од предметите што се изучуваат е напуштен екс катедра-системот бидејќи акцентот се става на интеракција меѓу професорот и студентот, реализација на повеќе вежби, сценарија, практична обука. Има професори од академската заедница, како и од пракса и од институциите, со што се прави успешен спој.
Факултетот за безбедност-Скопје организира зимски и летни школи за безбедност, меѓународни научни конференции, дебати и тркалезни маси, безбедносни кампови за обука и едукација, примена на истражувачките алатки, пракса и можност да влезат во лабораторија, тренинг-центар, да дојдат до контакт за начинот на користење, чување, вооружување и опрема.
Факултетот за безбедност веќе десетта година по ред ја организира една од најдобрите и реномирана меѓународна научна конференција од областа на безбедноста што се одржува во Охрид. Домаќини се на над 100 професори од 15 земји од регионот, ЕУ, САД и др. На конференцијата има главни предавачи, панел-дебати и дискусии, кои може да се каже дека го зазедоа лидерското место за конференциски дебати, со што се зајакнува врската на Република Македонија со академската заедница во Европа и пошироко.
Посебна цел на студиите претставува: едуцирање кадри кои ќе бидат носители на реформите во општествениот, политичкиот, безбедносниот, економскиот, социјалниот живот во Република Македонија и кои ќе бидат подготвени за соодветна и квалитетна имплементација на стандардите што се применуваат во земјите-членки на Европската Унија, со цел успешно спроведување на промените, зачленување и развој на Република Македонија како членка на ЕУ и на НАТО. Во процесот на преговарање за членство во ЕУ и во НАТО токму овие кадри ќе бидат носечки во интеграцискиот процес. Потребата од ваков профил на кадри во Република Македонија е повеќе од актуелна. Прашањето околу кое постои општ консензус кај сите општествено-политички и економски фактори во државата, а кое истовремено има силна поддршка од граѓаните, е прашањето за зачленувањето на државата во ЕУ и во НАТО.