X
 22.02.2023 Живот

Дали шефовите треба да признаат отсуство поради месечен циклус кај жените?

За оваа тема не се зборува многу, но отсуство од работа поради менструален циклус постои во некои делови од светот.

Шпанија е прва земја во Европа што донесе закон со кој се дозволува менструално отсуство од работа. Имено, според тој закон, жените имаат право на тридневен менструален одмор со можност за продолжување за уште два дена.

Според некои општи принципи, работното место ви го обезбедува отсуството, покрај стандардното боледување. Она што е проблематично во врска со ова прашање е можноста за злоупотреба на ситуацијата. Затоа, ова отсуство може да биде платено на некои места, а неплатено на други.

Така, има работодавци кои им овозможуваат на жените флексибилни опции, на пример, да можат да работат од дома наместо да земат слободен ден. Интересно е што отсуството поради менструација започнало пред неколку децении во земји како Русија и Кина, со цел да се заштити нивото на плодност.

Дали шефовите се должни да го почитуваат ова отсуство?

Не, но можат на добра волја. На пример, такви работодавци првенствено се наоѓаат во Јапонија, Индонезија и Мексико, додека ретки се во САД.

Во земјите каде што овој проблем не е регулиран со закон, како Велика Британија и Австралија, некои работодавци воведоа свои норми, па нудат еден платен ден месечно, за што треба претходно да добиете потпис од менаџерот.

Други на вработените им даваат избор: да земат слободен ден, да работат од дома или привремено да престојуваат во поудобен дел од канцеларијата. Неколку работодавци тргнаа по сличен пат. Софтверската компанија „Нувенто“ им дозволува на работничките да земат еден платен слободен ден месечно, а компанијата „Чани“ нуди неограничено отсуство за жените.

Но, во моментов во повеќето земји не постои закон кој бара од работодавецот да обезбеди платено боледување, а камоли платено отсуство. Сепак, побарувачката за него потенцијално се зголемува.

Истражувањето од 2019 година на 600 луѓе покажа дека 45 отсто би поддржале менструално отсуство во САД.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот