X
 20.10.2017 Образование

Студенти од Машински факултет Скопје работат на проект за Паметен велосипед

Група на студенти од Машински факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  работат на проект за Паметен велосипед.



Основната идеа за проектот е да се добие паметен електричен велосипед, кој би го зголемил бројот на луѓе кои го користат велосипедот како превозно средство, со што би се намалило загадувањето.  Размислуваме нашата идеа да ја развиеме систем за употреба на вакви велосипеди на ниво на градови.  Не би сакале да откриеме повеќе детали, но можеме да кажеме дека очекуваме да добиеме прототип до средината на наредната година.  За сега би сакале да го испитаме пазарот и јавното мислење за нашиот проект, изјавува претставникот на групата студенти кои работат на паметниот велосипед.


За таа цел, потребна е помош од вас, читателите, за вашите размислувања околу овој интресен и корисен проект, па затоа одвојте по една минута и одговорете на прашањата од анкетата на следниов линк.

https://form.jotformeu.com/72855963719372

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование