X
 14.04.2023 Живот

Во Виена ќе биде поставен споменик посветен на гастарбајтерите

Во главниот град на Австрија се планира да се постави споменик посветен на гастарбајтерите, пренесува локален медиум. Споменикот ќе биде во чест на работниците од земјите во Југоисточна Европа кои работеле во оваа земја и со тоа влегле во историјата на Виена и Австрија.

Во тек се преговори за проектот, кој треба да чини околу 330.000 евра. Иницијатор е Саво Ристиќ, кој доаѓа од Хрватска. Споменикот би требало да биде поставен во паркот на поранешниот градоначалник на Виена, Хелмут Зилк, кој многу им помагал на Хрватите.

Во близина на локацијата минатиот век пристигнувале преполни возови со странски работници кои биле потребни во Австрија.

- Мислевме дека е важно споменикот да биде како сидро, како почеток на приказната, за историјата да остане жива - изјавил Ристиќ.

Тој додал дека не би требало да се остане само на споменик, туку да се изгради и образовен центар каде што луѓето би учеле за историјата на странските работници во Виена. Виенски институции кои помогнале во донесувањето странска работна сила во градот веќе изразиле подготвеност да го финансираат поставувањето на споменикот.

Според Ристиќ, се очекува да бидат договорени последните детали кон крајот на јуни, по што ќе се бара уметник кој ќе го направи споменикот.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот