X
 11.04.2023 Живот

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија

Со уште една инвестиција во основното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини кои овозможуваат целосно инклузивна настава за учениците со попреченост.

Компанијата „Кроација Осигурување“ во соработка со Општина Аеродром донираше средства со кои целосно се опреми сензорната соба во ова основно училиште. Општествената одговорност и инклузија, делувањето за потребите на заедницата и поддршката за најранливите категории се едни од основните принципи на работењето на „Кроациа Осигурување“. „Кроациа“ неколку години реализира донации наменети за потреби на децата. Со донација на сензорната соба дава свој придонес за создавање услови за соодветен развој и безгрижно детство.

На настанот присуствуваа градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, претставници на компанијата и директорката на училиштето Магдалена Петреска.



Директорката на училиштето, Магдалена Петреска истакна дека со отварањето на оваа сензорна соба која е опремена со мноштво дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема ќе биде од голема корист за учениците со попреченост.

ООУ „Лазо Ангеловски“, кое воедно е и најголемо училиште во општина Аеродром и во Македонија пред извесен период стана целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Откако во изминатиот период училиштето доби инклузивни тоалети, беа поставени пристапни рампи, тактилни патеки,знаци, како и пристапен лифт за учениците со попреченост, со оваа најнова инвестиција овозможена од „Кроациа Осигурување“, ќе го заокружи циклусот на целосна пристапност за сите ученици.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот